Денес е 17-ти декември

Денес е 17-ти декември

Меѓународен ден за борба против насислтвото врз сексуалните работници

17-ти декември е Mеѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, кога илјадници нивни поддржувачи маршираат по улиците насекаде низ светот, и преку свои активности и пренесуваат порака на јавноста со цел да се спречи насилството кое што секојдневно се врши врз секуалните работници. За прв пат овој настан беше организиран со цел да се обрне внимание на криминалните дејства кои се вршат врз сексуалните работници низ целиот свет. Настанот е идеа на д-р Ени Спринкл, а започнат од проектот за разбирање на сексуалните работници во САД како спомен на немилиот настан во кои беа убиени 48 сексуални работнички, жртви на убиецот од Грин Ривер. Денес, по четврти пат невладините и граѓански организации во Република Македонија кои се залагаат за промоција на основите човекови права и вредности на сексуалните работници, низ конкретни активности и кампањи учествуваат во одбележувањето на 17-ти декември.

Живееме во општество каде што секојдневно се продаватат и купуваат услуги. Сексуалната работа е една од тие услуги. Сексуалната услуга не е зло. Еротски танц, нудење на своето тело, еротски масажи и ескорт услуги не се злодела , различноста во изборот на своја професија не треба да иницира ниту насилство, ниту стигматизирање на лицата кои имаат право на свој сопствен избор.

Општеството наметнува”идентитет” и ” социјална улога ” врз сексуалните работници која оди подалеку од вистинското препознавање на овие лица. Ваквата погрешна перцепција на општеството кон идентитетот на лицата кои се бават со сексуална работа, наметнува истите да се дефинираат  како суштински недостојни и закана за моралот, јавниот и општествениот поредок, етикетирани како грешници, криминалци или жртви.

Сексуалните работници не треба да се сфатат  само како жртви на кои им треба помош, ниту  како криминалци кои треба да бидат уапсени или пак цели за јавните здравствени интервенции. Тие се дел од општеството, со свој потреби и аспирации, со потенцијали кои би направиле вистински и вреден придонес кон својте заедници.