Сексуалните работници се уште на маргините на општеството

Сексуалните работници се уште на маргините на општеството

Завчера во Охрид се одржа еднодневна работилница за новинари на тема „Сексуалната работа и медиумите“.

 

На настанот организиран од страна на Здружението на граѓани „ХОПС“, стана збор за бројните проблеми кои со децении се провлекуваат во секојдневието на оваа маргинализирана група во општеството.

 

Новинарите и членовите на „ХОПС“ расправаа за кршењето на човековите права и правото на приватност на сексуалните работници, дискриминирачкиот однос на службите, несоодветните термини користени во новинарските текстови, како и необјективното известување на медиумите околу проблемите на оваа ранлива категорија.

 

Инаку, ХОПС е Здружение кое започна со работа во 1997 година како прв проект на Република Македонија за размена на опрема за инјектирање. Од тогаш до денес, има развиено програми за намалување на штетите од употреба на дрога, подршка на сексуалните работници, превенција од ХИВ/СИДА и други сексуално преносливи и заразни болести, социјална реинтеграција и ресоцијализација на ранливи и маргинализирани заедници во земјава.

 

Преземено од OhridNews