Меѓународен ден против хомофобија и трансфобија

Меѓународен ден против хомофобија и трансфобија

Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на мргинализираните заедници има за чест да ве покани на прес конференција која ќе се одржи на 17-ти мај, во 12.30 ч, на отворен простор во Паркот на Жената борец веднаш наспроти Собранието на Република Македонија. Одрзувањето на прес конференцијата е по повод Интернационалниот ден против хомофобија –ИДАХО.

Прес конференцијата ќе биде надополнета со специјален краток настан на истата локација, како и со свечено прогласување на наградите на одредени поединци за посебен придонес во борбата против хомофобијата.

Секоја година, на 17-ти мај, Интернационалниот ден против хомофобија и трансфобија, ги потсетува сите граѓани во светот дека постои огромна потреба за преземање на акција. Во повеќе од 80 земји ширум светот, хомосексуалните акти се сеуште нелегални. Во одредени ситуации истите законски се казнуваат и со доживотен затвор. Во седум земји сеуште се применува и смртната казна. Во земјите во кои хомосексуалноста не е нелегална, дискриминацијата и физичките напади се сеуште чести појави. Иако во некои земји може да се забележи значаен прогрес, истиот е под постојана закана. Во Македонија новодонесениот закон за спречување и заштита од дискриминација ја исклучи сексуалната ориентација како експлицитно вброен основ за забрана од дискриминација. Истиот закон во последниве неколку месеци беше искористен за интензивирање и зачестување на хомофобични искази и дискриминација.

Ве покануваме сите заедно да го одбележиме овој ден и заедно да застанеме во борбата против насилството, хомофобијата и загрозувањето на основните принципи на демократијата и човековите права.Се надеваме дека ќе ни се приклучите на овој скромен, но исклучително значаен настан.