Сараево: Повредени три лица на геј филмски фестивал

Сараево: Повредени три лица на геј филмски фестивал

Минатата сабота три лица беа повредени откако маскирани хулигани извршиле напад во кино во кое се оддржува геј филмски фестивал во главниот град на Босна и Херцеговина.

 

Полициски службеник, кој сакал да остане анонимен, за АФП изјавил дека неколку хулигани влегле во киното Критерион на вториот ден од тридневниот фестивал Мерлинка кој беше отворен минатиот петок.

 

Во истиот извештај се цитира и изјава на вработен во киното кој рекол дека имало десет до петнаесет напаѓачи. Тој изјавил дека хулиганите „не искршиле ништо, но викале и им се заканувале на учесниците кои во моментот се наоѓале на дебатата по прикажувањето на филмот“.

 

Трите лица кои биле повредени биле однесени во болница, но нивите животи не се во опасност, се вели во полцискиот извештај.

 

Организирина од страна на босански и српски групи за геј права, на фестивалот требаше да се прикажат триесетина филмови за правата и културата на лезбејките, геј лицата, бисексуалците и трансродните луѓе.

 

Полицискиот службеник изјавил дека полицијата собира информации за инцидентот пред да оддлучи дали ќе поднесе обвиненија.

 

Босна генерално претставува конзервативна муслиманска земја. Едниствениот обид да се организира парада на гордоста и фестивал во 2008-та заврши со насилство, при кој беа повредени осум луѓе од страна на дузина исламски фундаменталисти кои ги нападнаа учесниците за време на отварањето на изложба вечерта пред отварањето на маршот, кој после инцидентот беше откажан.

 

Извор: Gay Star News