Јавен повик

Јавен повик

Лудвиг Болтцман Институтот за Човекови Права – БИМ-ВФ со особено задоволство ги повикува сите граѓански организации кои се активни на полето на намалување на сиромаштијата и социјално вклучување, т.е. НВОи, фондации, синдикати и други релевантни актери, како што се социјалните работници, истражувачи итн. да земат учество во основањето на Македонската Платформа Против Сиромаштија (МППС).

Во рамките на проектот ,,Социјално вклучување и човековите права во Македонија“, кој е финансиран од Австриската Агенција за Развој , БИМ-ФВ ќе го поддржи основањето на една ваква платформа која ќе ја поврзе Република Македонија со остатокот од Европа во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост.

Основањето на Македонската Платформа Против Сиромаштија, која во иднина може да стане членка на Европската Мрежа Против Сиромаштија (www.eapn.org) има и симболично значење, со оглед на тоа дека истата се основа во 2010 -  година која е прогласена за Европска година на борба против сиромаштијата и социјалната исклученост.



МППС ќе им овозможи на Македонските НВОи, граѓански организации, синдикати и други релевантни актери да учествуваат во расправите и формулирањето на политики насочени кон намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Европа, како и информирање на нашата општа јавност за последиците од истите на национално и локално ниво.

Платформата исто така ќе претставува значаен инструмент за координинација на сите субјекти вклучени во застапувањето и/или лобирањето за правата на најранливите и дискриминираните, подржувајќи го дефинирањето на заеднички политики и механизми за подобро интегрирање на маргинализираните лица во социјалниот, економскиот и културниот живот во нашето општество.

Не можеме да изградиме силно граѓанско општество без да работиме заедно и основаме асоцијации и мрежи кои ќе ни овозможат постигнување на напредок во однос на прашањата за кои се грижиме или кои се загрозени.
 
Земајќи го во предвид горенаведеното ги повикуваме сите локални, граѓански и невладини организации, кои се активни на полето на борба против сиромаштијата и социјалната исклученост, да го изразат нивниот интерес и учествуваат на првата средба организирана од страна на Лудвиг Болтзман Институтот за Човекови Права и Европската Мрежа Против Сиромаштијата, во Скопје на ден 11ти Март 2010 година. Местото на настанот ќе биде соопштено при потврдувањето на учеството.
Повеќе детали можете да најдете на следната веб страна: http://bim.lbg.ac.at/en     Ве молиме потврдете го вашето учество најдоцна до 3ти Март 2010 на следната емаил адреса: Jagoda.iljov@univie.ac.at или на телефонскиот број 02 3216 956.