Канада ќе одобрува барања за азил на геј Руси

Канада ќе одобрува барања за азил на геј Руси

Минатиот понеделник канадскиот министер за имиграција, Крис Александар, изјави дека канадскиот борд за бегалци ќе ги одоборува барањата за азил од страна на ЛГБТ лицa кои ја напуштле Русија пoрaди стравот од кривично гонење.

 

Александар рече дека Русија пошла по погрешен пат со рестрикцијата на основните права на својата геј заедница со неодамна усвоениот закон со кој се забранува хомосексуална „пропаганда“, потег што предизвика бурни реакции на критика и осудување во целиот свет.

 

Александар изјави дека барањата на бегалиците кои се посебно поврзани со ова прашање ќе бидат сериозно разгледани од страна на нивниот систем.

 

Според канадските закони, барателите на азил кое се геј се прифаќаат со ист приоритет како и на другите групи на странски граѓани кои бараат азил. Барателите на азил можат да достават барање кога ќе пристигнат во Канада затоа што се соочуваат со кривично гонење од страна на нивните влади, или затоа што се гонети од други, а нивната влада не презема ништо за да ги заштити.

 

Бордот за имиграција и бегалици на Канада соопшти дека типично примаат од сто четириесет до двесте дваесет и пет барања за азил од страна на руски граѓани кои доаѓаат во Канада и кои бараат статус на бегалци. Вообичаено на половина од нив им се одобрува овој статус.

 

Меѓутоа агенцијата исто така соошти дека нема релеватни податоци за тоа колку баратели бараат азил поради тоа што избегале од својата родна земја за да избегнат кривично гонење поради својата сексуална ориентација.

 

Извор: Lgbtq nation