Барање до Владата на Република Македонија

Барање до Владата на Република Македонија

Барање до Владата на Република Македонија како предлагач на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Имајки го предвид значењето кое што го има донесувањето на легислативата за еднаквост во Република Македонија
Имајки го предвид долгиот процес на развој на ваква легислатива

Имајки го предвид значењето на хармонизацијата на оваа легислатива со ЕУ правото од оваа област и неминовноста дел од промените да се   внесат независно од моменталните размисли на власта или граѓанскиот сектор

Имајки предвид дека Законот за спречување и заштита од дискриминација мора да биде во согласност со ЕУ директивите за еднаквост
Загрижени заради последната верзија на понудениот текст усвоена од страна на Владата и  дадена во собраниска процедура
Загрижени поради фактот што процесот на консултација со граѓанското општество беше изигран и девалвиран со понуда на текст кој не е усогласен со нив и кој веќе е критикуван од страна на Венецијанската комисија

Ние долупотпишаните здруженија на граѓани, установи и индивидуи, бараме повлекување на оваа верзија на Предлогот за Закон за спречување и заштита од дискриминација заради тоа што сметаме дека во верзијата на законот доставена до Собранието на РМ се направени бројни суштински измени на заеднички подготвен текст со  здруженијата  на граѓани, кои ја доведуваат под прашање неговата усогласеност со европското право, имплементацијата на законот, неговата ефективност и можноста за заштита од дискриминација:

1.    од текстот на законот се избришани:
-  дефинициите на основните поими (на пример, дискриминација, еднаквост, маргинализирана група и тн.) со што се намалуваат шансите за препознавање на дискриминацијата и ефикасно спречување и заштита од дискриминација
-    целта на законот, која што покрај заштита од дискриминација вклучуваше и промоција и унапредување на принципот на еднаквост, како и заштита од поттикнување на дискриминација
-    критериумите и практиките од дефиницијата на индиректна дискриминација, спротивно на нивното децидно формулирање во ЕУ директивите
-    сексуалната ориентација и уверувањето  како основи на дискриминација кои што се експлицитно наведени во директивите на ЕУ како минимум основи што треба да се имплементираат во националната легислатива
-    повикување и поттикнување на дискриминација (како посебен член и како дел од целта на законот), непристапноста и виктимизација, исто така прецизно дефинирани во ЕУ директивите
-    различните облици на дискриминација во обезбедувањето на  добра и услуги
-    и други битни одредби со кои се сместуваше законот во контекстот на РМ

2.    Во понудената верзија на предлогот на законот се споени и измешани неколку членови:
-    афирмативните мерки (со цел да се елиминираат или да се намалат фактичките нееднаквости кои се должат на мината дискриминација)
-    нееднаквото постапување кое не се смета за дискриминација (кога постои објективно оправдана цел, согласно со Уставот, закон и меѓународните договори) и
-    заштитните мерки за одредени групи луѓе (бремени жени, деца без родители и сл.)
со што се создава можност за конфузија и за оправдување на дискриминацијата

3.    Во понудената верзија на предлогот на законот, предложеното тело за еднаквост-комисија:
-    е преименувана од комисија за еднаквост во комисија за заштита од дискриминација со што се стеснува нејзиниот мандат (спротивно на барањата на директивите и спротивно на препораките на ЕКРИ)
-    ограничена е независноста (работната, функционалната и финансиската) како суштински компоненти на комисијата
-    задржани се само три од претходно дефинираните 16 надлежности на комисијата, со што комисијата се сведува на функцијата застапник во МТСП и се дуплира со веќе постоечкото тело (кое што се покажа нефункционално како инструмент предвиден со Законот за еднакви можности меѓу жените и мажите)
-      исфрлена е надлежноста за формирање на бази на податоци као алатка во борбата со дискриминацијата (посебно со структурната дискриминација)
-    исфрлена е можноста за соработка на комисијата со национални и меѓународни структури со што повторно е потврдена нејзината зависна и пасивна поставеност во рамките на МТСП
-    исфрлен е делот со кој се предвидува можност комисијата да поведе постапка по сопствена иницијатива како и одредбите кои предвидуваа можност за медијаторство (одредби содржани во препораките на ЕКРИ)

4.    Исфрлена е одредбата која предвидуваше посебна тужба за дискриминација, со што се отежнува работата на судовите  во однос на определувањето на итноста на постапката, товарот на докажување и улогата која што може да ја имаат други вмешувачи во постапката (комисијата, невладини организации)

5.    Исфрлена е преодната одредба за формирање на комисија која што претставува гаранција на соодветниот избор на членовите на комисијата, обезбедување средства и донесување на соодветните акти за нејзино функционирање

Заради ова предлагаме,
Владата да го повлече поднесениот предлог на законот и да го прифати  текстот изработен од здруженијата на граѓани и доставен до работната група составена од  претставници на релевантните министерства, Народниот правобранител и претставници на граѓанското општество, во ноември 2009 година,  како основен текст за собраниска расправа, со што ќе се создадат услови за што е можно побрзо донесување на закон кој ќе соодветствува на ЕУ  стандардите, потребите на граѓаните на РМ и ќе овозможи промоција на еднаквоста и превенција и заштита од дискриминација во РМ.

Скопје, 16.02.2010

Со почит,

1.    Коалиција за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници
2.    Х.Е.Р.А
3.    ХОПС-Опции за здрав живот
4.    Центар за човекови права и разрешување на конфликти
5.    Македонски Хелсиншки Комитет
6.    Коалиција “Сите за правично судење“
7.    ФИООМ – Фондација Институт отворено општество Македонија
8.    Младински образовен форум
9.    Македонски центар за европско образование      
10.    ПАЦ Мултимедиа
11.    Центар за одржлив развој на заедницата-Дебар
12.    РЕАКТОР-Истражување во акција
13.    Центар за подршка на заедницата-Ресен
14.    СТАР
15.    Здружение на Роми Церења и Радио Церења
16.    БОРКА-За секој нов ден
17.    Центар за развој на заедницата – Кичево 
18.    Центар за современа уметност
19.    Регионален центар за одржлив развој-Кратово
20.    ЦОР-ПОРТА
21.    Мировна Акција
22.    Младински културен центар-Битола
23.    Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга
24.    ИЗБОР-Струмица
25.    Доверба-Скопје
26.    ПУЛС-Куманово
27.    Младински клуб-Штип
28.    Опција-Охрид
29.    ХЕЛП-Гостивар
30.    ЕГАЛ-Скопје
31.    Здружение за заштита на културниот идентитет на Египќаните – ИЗИДА, Ресен
32.    ИнСОК-Иницијатива за Социјална промена
33.    Заеднички Вредности-Скопје
34.    Рубикон
35.    Центар за развој и унапредување на јавниот живот-Тетово
36.    Центар за поддршка-Гевгелија
37.    Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Кичево
38.    НВО Инфоцентар
39.    Младинска Алијанса-Тетово
40.    Ромска асоцијација за жени и млади “ЛУЛУДИ“
41.    Радика-ДЕ – Дебар
42.    Универзитет Трето доба
43.    МИА  – Здружение за здравствено просветување и унапредување на здравјето
44.    Регионален центар за одржлив развој-Гевгелија
45.    Центар за граѓанска иницијатива-Прилеп
46.    Фондација за еазвоја на локалната заедница-Штип
47.    АДДР ’Сонце’-Тетово