Објавени два нови броја на С-Ворк

Објавени два нови броја на С-Ворк

СТАР-СТАР го објави два нови броја на магазинот S-WORK кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.

 

Во априлскиот број на магазинот можете да прочитате:

 

ОД ЕСКОРТ ДЕВОЈКА ДО АВТОР НА БЕСТСЕЛЕРИ !

Трејси Куан е родена во североисточниот дел на Соединетите американски држави, но порасната е во Канада. Нејзините родители емигрирале од Тринидат во САД, таа говори кинески, африкански, андијански и аоландски. Таа е американска писателка и поранешна ескорт девојка.

 

 

КАКО СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ГИ ПЛАЌААТ СВОИТЕ ДАНОЦИ?

Сакате да дознаете како стриптизерите и сексуалните работници ги пријавуваат своите приходи? Разговаравме со бивша сексуална работничка и своевремено писателка, Мелиса Гира Грант да дознаеме повеќе за тоа како се плаќа данок за сексуалната работа во САД.

 

 

СВЕТСКИ ИМИЊА КОИ ЈА ПРАКТИКУВАЛЕ НАЈСТАРАТА ПРОФЕСИЈА НА СВЕТОТ

 

 

СТИГМА: СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ

Сексуалната работа е сеуште критикувана од општеството, бидејќи многумина сексуалните работници не ги сметаат за вистински луѓе. Пошироката заедница треба да знае кои се всушност сексуалните работници, дека се човечки битија како и сите други со свои индивидуалности и заслуги. Треба да се отфрли стигмата да се биде проститутка.“

 

РЕБЕКА ДЕЈКИН

Ребека Дејкин со години била девојка за придружба, наплаќала 800 евра за секс и се изнаслушала секакви лаги од мажите. Сега подучува жени како да си ги задржат партнерите.

 

 

Во мајскиот број можете да прочитате:

 

ПРОТЕСТ ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА И РАБОТНИЧКИ ПРАВА1-ВИ МАЈ ВО СКОПЈЕ

На 1-ви Мај оваа година, членовите на СТАР се приклучија на протестот за Социјална правда и работнички права, „Да го кренеме гласот ЗАЕДНО против социјалната неправда и против кршењето и намалувањето на работничките права! беше заедничката порака испратена до сите синдикати.

 

 

ОРИГИНАЛНА КАМПАЊА ВО ОБИД ДА ЈА ПРОМЕНИ ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВОТО ЗА СЕКСУАЛНАТА РАБОТА

Група активисти од Аргентина се појавија со иновативна кампања, се со цел да се обидат да ги променат перцепциите на луѓето за сексуалните работници.

Здружението на женските сексуaлни работници на Аргентина ( AMMAR ) го одбраа името на кампањата “„Агол “.

 

 

ЧУСТВУВАМ ДЕКА СУМ ПОТРЕБНА!

Оља Кречар е Македонка која работи како теренски работник со сексуaлни работници во Дортмунт – ви пренесуваме нејзино интервју дадено за популарен веб сајт во Германија.

 

 

ПОРНО ПЕНЗИОНЕРКИ – БЕЗВРЕМЕНСКИ ИКОНИ !

Во порно индустријата беше само три години од 1984-1987 сними 107 филма и стана порно легенда. Изби голем скандал во Америка кога се откри дека таа снимала кога била сеуште малолетна.

 

 

ХАЈДИ ФЛЕИС – ХОЛИВУДСКА МАДАМ

Хајди Лин Флеис е родена на 30 декември, 1965 во Америка и е бивша Мадам, а сега работи како колумнистка која опфаќа теми поврзани со сексуалната работа. Работела сексуална работа во Лос Анџелес, имала свој сопствен бордел и ја нарекувале „Холивудски Мадам“.

 

 

Априлскиот број можете да го преземете овде. 

 

 

Мајскиот број можете да го преземете овде.