Активности по повод 17 -ти декември

Активности по повод 17 -ти декември

По повод 17 Декември-Ден за борба против насилството врз Сексуалните работници/чки и 10 Декември – Ден на човековите права во рамките на Програмата за поддршка на Сексуални работници/чки на ХОПС со цел да се одбележат овие денови се организира Недела на човекови права 10-17 Декември со разни активности во Дневниот центар и на терен.

На 10 декември се спроведе едукативна работилница на која беше прикажан филм со тематика човекови права а потоа имаше кратка презентација за значењето на денот.

Понеделник (14.12) ќе се спроведе работилница – Законска регулатива и СР и придобивките од легализација, вторник (15.12) ќе се прикаже филмот – Треба да знаеш за мене и ќе има психо-социјална работилница за насилството и емоциите поврзани со него.

Во среда (16.12) ќе се изработува постер на тема 17 Декември и човековите права, а во четврток (17.12) повторно ке се прикажува филмот – Треба да знаеш за мене, ќе има презентација за значењето на денот, мала забава организирана од Сексуалните работници/чки по што ќе се делат црвени чадори (акотивностите се од затворен тип).

На терен ќе се дели Манифестот на СР и летоци со кратка приказна за 17 Декември.