Покана за панел дискусија

Покана за панел дискусија




Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници, во соработка со Х.Е.Р.А како партнер-организација во Коалицијата, има за чест да ве покани на панел дискусија на тема “Сексуалните и здравствените права и потребите на луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија”. Панел дискусијата ќе се одржи на 15.12.2009, вторник, во Холидеј Ин, со почеток од 11.00 часот.

Се надеваме дека ќе не почестите со вашето присуство со што сите заедно би развиле плодна дискусија и би иницирале јавна дебата по однос правата на луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија и борбата против нивна стигматизација.