Босанското здружение Оквир со подршка за македонските активисти/ки

Босанското здружение Оквир со подршка за македонските активисти/ки

Здружението ЛГБТИК права Оквир од Сараево, Босна и Херцеговина, најостро го осуди нападот врз ЛГБТ активстите/ките од Македонија кој што се случи овој викенд во Битола. Во соопштението до јавноста на Оквир се вели:

 

„На овој начин сакаме да дадеме подршка на нашите пријатели и пријателки и да им порачаме заедно да се бориме против насилствово и говорот на омраза. Борбата за слобода, сигурност и рамноправност е константна и ќе се бориме заедно за нивното спроведување, како и за пријавувањето, процесирањето и санкционирањето на злосторствата мотивирани од омраза. Исто така сметаме дека треба сите заедно да се бориме за да имаме општество во кое сите можеме да уживаме во нашите слободи без страв од насилство, дискриминација или репресија поттикната од идентитетските одредници за род, пол, раса, класа, етничка припадност, старост или способност.

 

Се бориме за општество во кое афримативните политики на ЛГБТИК правата, осилувањето, колетивитетот и човечкото достоинство се практикуваат низ преиспитувањето на постоечките социјални норми, потикнувањето на саморазрешување, взаемната солидарност и видливоста на човековите права, активизмот, културите и идентитетите на ЛГБТИК лицата, додека пак дисриминацијата, исклучувањето, бришењето и насиството колективно се осудуваат и активно се сузбиваат”.

 

Официјалното соопштение по повод нападот врз активистите/ките во Битола можете да го прочитате овде.