Европските про-геј политичари се бесни поради олеснувањето на визниот режим кон Украина

Европските про-геј политичари се бесни поради олеснувањето на визниот режим кон Украина

Одобрувањето од страна на Европскиот Парламент на олеснувањето на визниот режим кон Украина беше дочекано со негодување од страна на европските пратеници поради предложените анти-геј закони во земјата.

 

Тесното мнозинство од политичарите гласаа во полза на одлуката, а договорот би требало да се потпише следниот мај.

 

Украинскиот парламент во моментот разгледува предлог-закони со кои поддршката на ЛГБТ правата ќе стане нелегална во земјата. Според Интергрупата за ЛГБТ права на ЕУ, овие закони се ноаѓаат блиску до усвојување.

 

Клод Мораес, кој е пратеник во Европскиот парламет, за време на дискусијата повика на понатамошпни битни подобрувања на геј и другите човекови права.

 

Софија ин’т Велд, подпретседателката на Интергрупата за ЛГБТ права побара усвојувањето да биде одложено. ИЛГА-Европа неодама се обиде да го стопира гласањето како предупредувачка порака за Украина.

 

„Не можеме да ја продлабочиоме нашата врска со земја која спроведува закони за лов на вештерки врз своите малцинства“, рече Велд и додаде: „Самото присуство на овие закони во агендата на нивниот парламент досега го оправда зголемувањето на бројот на хомофобичните насилства. Неколку членови на Европскиот Парламент и политички групи беа јасни за време на дебатата дека нема да прифатат олеснување на визниот режим се додека хомфобичните закони се наоѓаат во процедура“.

 

Порпаролот на Европскиот Парламент, Клод Мораес, додаде: „Беше важно да бидеме согласни во овој договор со кој им се овозможува на украинските новинари, невладини организации и академици полесно да патуваат во Европската Унија. Сакаме да видиме вистински подобрувања на ЛГБТ правата, демократијата и владеењето на правото во Украина пред визната либерализација да стане реалност. Европската унија е заедница која има свои вредности, и ќе бидеме единствени при нивната заштита кога имаме работа со нашите соседи“.

 

Со одлуката на Европскиот Парламент се упростуваат документите потреби за влез во земјите од ЕУ и се укинува таксата за визата која чини 70 евра.