Гувернерот на Њујорк ќе се заложи за геј браковите

Гувернерот на Њујорк ќе се заложи за геј браковите

Андреј Куомо, гувернерот од Њујорк, даде изјава на активистите за правата на хомосексуалците дека ќе посвети “целосно внимание” на проблемот на брачната еднаквост. На затворениот состанок, тој изјави дека за него тоа преставува личен проблем.

Според “Њујорк тајмс “, учесниците на состанокот изјавиле дека гувернерот бил “неочекувано силен и страстен” во врска со ова прашање.

За г-динот Куомо се вели дека е внимателен да не избрза со процедурата, како што беше случајот со предлог-законот кој не беше прифатен во Сенатот на САД во 2009-та година.

Во соопштението објавено по средбата, тој рече „За мене ова е повеќе од само еден закон. Се работи за животите на луѓето кои по многу години се без правата кои треба да им бидат загарантирани.“

Во пет држави во САД​ (Масачусетс, Конектикат, Ајова, Њу Хемпшир, Вермонт и Вашингтон) во моментов им е овозможено на хомосексуалните двојки да се венчаат.