Геј пар “се венча” во Пекинг

Геј пар “се венча” во Пекинг

Кога минатата сабота, Da Wen го кажа судбоносното „Да“ на Xiao Qiang на нивната свадба во еден ресторан во Пекинг, тоа не преставуваше само акт на спојување на љубовта на две лица, туку и обид за зајакнување на борбата против СИДА-та.

Двајцата мажи кои иако се информирани дека хомосексуалните бракови не се признаени од страна на кинеската легислатива, сепак сакаа во јавноста да ја обелоденат својата врска како пример за другите геј двојки во Кина.

Иако нивниот брак не може да биде официјално регистриран, парот се здоби со сертификат, дополнет со фотографии од двојката и печат на фиктивната организација Кинески комитет за среќни бракови.

Xiao Dong, директор на волонтерскиот тим за превенција на СИДА од Пекинг, вели дека таквите хомосексуални бракови ќе им помогнат на луѓето во геј заедницата во превенцијата на СИДА-та.

Тој вели дека со бракот може да се зацврстат врските помеѓу паровите и да се избегнат брзите промени на сексуалните партнери.

Xiao рече дека факот дека не постои закон за регулација на истополовите бракови во Кина го отежнува процесот во кој хомосексуалните двојки можат да ја одржат својата врска.

Честото менување на сексуалните партнери на луѓето во геј заедниците се должи на отсуството на законска регулатива, со што драматично се зголемува ризикот од зараза од СИДА-та, рече Xiao.