Полска: Избран првиот геј функционер

Полска: Избран првиот геј функционер

Кристијан Легиерски стана првиот хомосексуалец избран за функционер во Полска.Сопственик на ноќен клуб, претприемач и активист за правата на ЛГБТ популацијата освои место во Варшавскиот градски совет.

Господинот Легиерски, кој меѓудругото е црнец и претрпе големи напади на расизам и хомофобија, изјави за Gazeta Wyborcza дека иако неговиот избор беше важен чекор за националната политика, жителите на Варшава се повеќе слободоумни.

Тој изјави: “Не можам да се споредувам со Харви Милк, но јас сум среќен што сум првиот хомосексуалец избран за јавна функција во Полска.”

Варшава беше домаќин на Јуропрајд минатиот јули, но Полска има мачно минато со правата на хомосексуалците. Земјата е крајно католичката и конзервативна и групите за човекови права велат дека има слаби резултати на полето на геј еднаквоста.

Починатиот претседател Лех Качински, кој загина во авионска несреќа минатиот април, беше обвинет за хомофобија во неколку наврати.

Хомосексуалноста е легализирана во Полска, но паровите не можат да посвојуваат деца и не постои законско признавање на нивните односи.