Трансродовите лица одржаа парада во Њу Делхи

Трансродовите лица одржаа парада во Њу Делхи

Лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови лица (ЛГБТ) зедоа учество во третата парада на гордоста во Њу Делхи минатата неделата.

ЛГБТ заедницата тврди дека ситуацијата се подобрила со одлуката на Високиот суд на Делхи да се декриминализира хомосексуалноста со редефинирање Членот 377 на индискиот кривичен законик, но дека тоа за ЛГБТ лицата преставува само почеток.

Amitava Sarkar, трансродов активист, изјави дека постојат многу проблеми со кои се уште се соочуваат хомосексуалците.

“Проблемите, всушност, започнуваат на семејно ниво, а потоа кулминираат на училишно ниво. Ние немаме право на образование, на работно место, па на тој начин никако не можеме да бидеме почитувани во општеството” – вели Sarkar.

Друг трансродов активист Mohnish, пак, рече дека овој концепт на геј парада е истиот оној кој за првпат се појави уште во 1969-та година.

“Ова е концепт кој датира уште од случајот Stone wall во далешната 1969-та година, кога во еден геј бар во Њујорк, била извршена рација од страна на полицијата. Тоа било првиот знак на протест кој се случи уште таа година и потоа секоја година се одржуваа геј паради низ целиот свет. Во Њу Делхи, ова е трето издание на Њу Делхи квир прајд” – изјави Mohnish.