Ватикан:Папата ги аминуваше кондомите

Ватикан:Папата ги аминуваше кондомите

Користењето на кондом е помало зло од пренесување на ХИВ на сексуален партнер – дури и ако тоа значи дека жената је спречува можната бременост, објави Ватикан во вторникот, означувајќи сеизмичка промена во проповедите на папата.

Ватикан веќе подолго време беше критикуван за своето противење на употребата на кондомите, посебно во Африка, каде што СИДА-та е најприсутна. Најновите толкувања на коментарите на папата Бенедикт за употребата на кондоми, во суштина, значат дека Римокатоличката црква признава дека нејзиниот долгогодишен став против контрацепцијата не оправдува ставање нечиј живот во опасност.

“Ова е точка пресвртница”, рече свештеникот Џејмс Мартин. „Признавајќи дека со ставот дека кондомите во сексуалните односи го спречуваат ширењето на ХИВ помеѓу луѓето, папата сосема го измени ставот за кондомите на Католичката црква.”

Промената дојде на денот кога службеници на Обединетите Нации објавија дека бројот на нови случаи на ХИВ инфецирани лица значително опадна – благодарение на употребата на кондоми.

“Ова е голем ден за борба против СИДА-та”, изјави Мичел Ворен, шефот на Коалицијата за застапување на вакцина за СИДА .

Во Африка, активистите за превенција од СИДА, свештеници и обични Африканците слично аплаудираа на ревидираните коментари на папата.