SWAN Билтен, Издание бр. 23 Февруари/Март 2009

SWAN Билтен, Издание бр. 23 Февруари/Март 2009

Објавено е февруарско/мартовско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:

Во фокус: 3-ти март, Меѓународен ден на правата на сексуалните работници
Денот е востановен во 2001-та кога над 25 илјади сексуални работници се собраа во Индија на фестивал на сексуалните работници. Организаторите на првиот фестивал беше Комитетот Durbar Mahila Samanwaya, група која чие седиште се наоѓа во Калкута и чие членство брои повеќе од 50 илјади сексуални работници и членови на нивните заедници. Здруженијата на сексуалните работници од целиот свет го слават 3-ти март како Меѓународен ден на правата на сексуалните работници.

Можете да прочитате повеќе за инсторијата на овој ден на Women’s Rights blog
Како сексуалните работници во Њујорк го прославија овој ден можете да погледнете на следниов линк
LISTICLES.

Партнерство во акција – ХОПС користи видео во заштита на правата на сексуалните работници

ХОПС започна партнерство со Витнес (www.witness.org), оргнанизација за заштита на човековите права со седиште во Њујорк а која делува глобално и промовира видео активизам како ефикасен алат за промоција на правата на различни групи во започнати камапањи за човекови права. Партнерството помеѓу ХОПС и Витнес се состои од развивање на план за застапување преку видео во овогодишната кампања по повод 17-ти декември. Повеќе…

ЛИНК до Билтенот