Клинтон ја пофали српската полиција за геј прајдот

Клинтон ја пофали српската полиција за геј прајдот

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во вторникот ја пофали српската полиција за заштита на учесниците на геј парадата, во исто време обвинителите отворија криминална истрага против лидерот на екстремно десничарската група за организирање на насилните анти-геј протести.

Повеќе од 150 лица се повредени, во неделата во центарот на Белград во пресметки со полицијата, додека илјадници десничарски демонстранти се обидоа да го спречат маршот со фрлање молотови коктели и гранати кон полицијата.

“Јас особено сакам да и честитам на полицијата за храброста со која го обезбеди  настанот минатата недела”, рече Клинтон за време на посетата на Белград.

Маршот, на кој учествуваа околу 1.000 учесници, се сметаше за главен тест за српската влада, која вети дека ќе ги штити човековите права, ако сака членство во ЕУ.

Државните обвинители на Србија соопштија дека 130 луѓе се под истрага за обидот да се прекине маршот, а на 66 од нив им беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Ако бидат обвинети и осудени, тие може да се соочат со затворска казна во траење до 12 години.