Српски доктор “лечел” хомосексуалност!?

Српски доктор “лечел” хомосексуалност!?

Додека властите се борат да обезбедат мирни услови за учесниците на Белгратскиот прајд закажанан за 10 октомври, српскиот „лекар“ Мирољуб Петровиќ го најави отварањето на својата клиника за лечење на хомосексуалност.

Пред една година, тој отвори центар за лечење на хомосексуалност, која тој ја гледа како “сериозна психијатриска болест што доаѓа како последица на нездрав стил на живеење, лошо образование и употреба на наркотични дроги.” На тој начин се третирани 20 пациенти досега .

Пред неколку години, одборот на Американската психијатриска асоцијација објави дека таквиот третман само може да предизвика депресија, анксиозност и самоуништувачко однесување.

Најновата изјава на Петровиќ предизвикаа масовна шокираност меѓу српските геј и лезбејски организации.

Во протестното писмо, тие побараа од министерот за здравство Томица Милосављевиќ да започне истрага за работата на клиниката и центарот за лечење на Петровиќ, прашувајќи дали Министерството за здравство, всушност ја има одобрено дозволата за работа на Петровиќ.

“Ве молиме да дадете јавна изјава дека хомосексуалноста не е болест”, се вели во писмото, во кое се потсетува на резултатите од најновите истражувања кои покажаа дека 67% од српските граѓани ја доживуваат хомосексуалноста како болест.