САД: Амандманот 8 под удар

САД: Амандманот 8 под удар

Амандманот 8, кој престауваше деликатна изборна тема, беше одобрен во Калифорнија во ноември 2008-та година со 52 проценти „за„ од вкупниот број на гласови. Гласачите излегоа на референдум, откога државниот Врховен суд донесе одлука со која се дозволуваат истополовите бракови.

Застапниците на истополовите бракови беа воодушевени од одлуката на судот, а противниците покренаа обвиненија за т.н. судски активизам од страна на американскиот Окружен судија Вон Вокер, републиканец кој исто така е отворено геј.

“Хетеросексуалните бракови не се подобри од истополовите,како партнери, истополовите и хетеросексуалните двојки се еднакви”, напиша Walker во неговата одлука.

На геј луѓето и на лезбејките не им е дозволено да се венчаат се додека трае  процесот на жалби. Случајот ќе оди на Апелациониот суд, а можеби и на крајот ќе стигне и до американскиот Врховен суд.