Промовирањето на обрежување е опасна грешка

Промовирањето на обрежување е опасна грешка

Групата за човекови права Intact America (IA), во соработка со Меѓународната коалиција за генитален интегритет (ICGI), имаа свое излагање на AIDS 2010-конференцијата во Виена, на кое остро се спротиставија на промовирањето на обрежувањето како средство за превенција од ХИВ.

“Промоцијата на машкиот сунет испраќа погрешна порака, се создава лажно чувство на заштита, и ги изложува жените на поголем ризик од ХИВ. Мажите чекаат на ред да се обрежат, верувјќи дека тие веќе нема да треба да користат кондоми “, рече Georganne Chapin, директорката на Intact America. “Тоа е загрижувачки што ограничените ресурси ќе се потрошат на овој вид на превенција, а новото истражување покажува дека употребата на антиретровирусна терапија (ART) го намалува ширењето на заразата до 92 проценти. Нашите ресурси треба да бидат посветени на антиретровирусна терапија, и на програми со кондоми и вакцини.

Одредена етичка загриженост преставува и неодамнешниот притисок за извршување на сунет на мали деца како превенција на ХИВ. Неонаталниот сунет го уништува ерогеното ткиво и  ги става новороденчињата во непосреден ризик од инфекција, крварење, оштетување на пенисот, па дури и смрт.