Нигерија: Расте бројот на случаи на дискриминација на ХИВ позитивни лица

Нигерија: Расте бројот на случаи на дискриминација на ХИВ позитивни лица

Националната комисија за човекови права на Нигерија соопшти дека е зголемен бројот на случаи на стигмамтизација и дискримиација на работното место на лица кои живеат со ХИВ/СИДА, додавајќи дека комисијата примила помеѓу четириесет и педесет нови пријави кои момнетално ги разгледува.

 

Директорот на комисијата, Адбулрахман Јакобу, кој минатата недела ја соопшти оваа информација за време на состанокот на тимот на Економската Заедница на западно-африканските земји кој го анализира статусот на постоечките закони за ХИВ/СИДА и нивната примена во земјите во западна Африка, изјави дека соработувале со Националната агенција за контрола на СИДА-та која досега примила голем број на поплаки за дискриминација. Тој изјави дека другите поплаки биле примени од страна на мрежата на ХИВ позитивните лица во земјата.

 

Според Јакобу, на овие лица правата им биле прекршени при различни тестови, вклучувајќи и тест за ХИВ/СИДА, без претходно да бидат консултирани и подоцна резултатите од тестовите биле користени како средство за дисриминација.

 

Тој повика на достапност на антиретровирусна терапија на ХИВ позитивните лица, со цел да се намалат штетите предизвикани од ХИВ-от.

 

Генералниот директор на Националната агенција за контрола на СИДА-та, професорот Џон Идоко, изјави дека проблемите предизвикани од дискриминацијата и стигматизацијата преставуваат пречка во борбата против проширувањето на ХИВ/СИДА заразата.