Децата на лезбејските парови подобри од врсниците

Децата на лезбејските парови подобри од врсниците

Децата од лезбејски родители се подобри од нивните врсници според резултатите од академските и социјалните тестови – ова е исходот на најдолготрајнито истражување на истополовите семејства.

Истражувачите на National Longitudinal Lesbian Family Study велат дека резултатите треба да се влијаат на менувањето на ставовите за посвојување на деца од геј и лезбејски двојки, што е забрането во некои делови на САД.

Ова откритие е се основа врз истражувањето на 78 деца кои биле родени од лезбејски мајки, кои користеле вештачко оплодување и биле интервјуирани и тестирани на 17-годишна возраст.

Новите тестови не оставаат сомнеж за успехот на овие двојки како родители, вели Nanette Gartrell од Универзитетот на Калифорнија, Сан Франциско, која има работено на студијата од самиот почеток на истражувањето во 1986 година.

Во споредба со група на адолесценти родени во хетеросексуални семејства со сличен образовен и финансиски бекграунд, децата од лезбејските парови постигнале подобри резултати на академските и социјалните тестови и пониски нивоа на кршење на правилата и агресивност.

Една претходна студија на истполовото родителство, врз основа на долгорочни здравствени податоци, исто така, не открива никакви разлики во здравјето на децата од која било група.

Над 100.000 деца во САД чекааат да бидат посвоени, велат од Институтот за посвојување Evan B. Donaldson, организација за затапување и истражување со седиште во Њујорк. и покрај истражувањето укажува кое потврдува дека двојките од ист пол можат да бидат повеќе подготвени да посвојуваат од хетеросексуални двојки. Институтот проценува дека од 65.000 деца кои се посвоени, само 4 отсто живеат со геј или лезбески родители.