Конгресот гласа против забраната за воена служба

Конгресот гласа против забраната за воена служба

Конгресот на САД ќе одлучува за тоа дали да се им овозможи на геј луѓето отворено да служат во војската.

Утрово се очекува гласањето по предлог од страна на сенаторот Патрик Марфи, од Пенсилванија – демократ кој служел во војната во Ирак, со кој би се укинал законот од 1993 година познат како “не прашувај, не кажувај“ закон.

Новиот закон, кој претставува компромис со Белата куќа и со кој се согласува и Одделот за одбрана, на војската ќе и даде онолку време колку и е потребно, пред да ја укине забраната.

Според законот, претседателот, секретарот за одбрана и претседателот на Генерал штабот, најпрво мораат да потврдат дека новата политика нема да и наштети на воената способност на војската.

Застапниците на новиот закон се надеваат позитивната клима во Сенатот ќе се пренесе и во Конгресот, каде што неколку конзервативни демократи – вклучително и Џин Тејлор од Мисисипи – се заканија дека ќе се спротивстават на укинувањето на оваа одредба.