Охрабрувачки вести од ИЛГА-Европа

Охрабрувачки вести од ИЛГА-Европа

Вивиен Рединг, кандидатот за функцијата Европски комесар за правда, основни права и граѓанство  даде охрабрувачки одговори

Денес, Европскиот парламент ја приспитуваше Вивиен Рединг, кандидат од Луиксембург за функцијата европски комесар за правда, основни права и граѓанство. Ова е прв пат да се постави на функција таков комесар на ЕУ и ИЛГА-Европа со голем интерес го следеше интервјуто на Вивиен Рединг од страна  на Европскиот парламент.

Ако се потврди нејзината функција, Вивиен Рединг ќе биде задолжена за спроведување на некои од главните приоритети на ИЛГА-Европа како што се основните права, признавањето на ЛГБТ семејствата, насилството и омразата, се некои од нив.

ИЛГА-Европа е задоволна од добиените одговори од Вивиен Рединг во текот тричасовното сослушување од страна на членовите на Европскиот парламент и верува дека постои простор за плодна соработка и унапредување на правата на ЛГБТ луѓето и ЛГБТ семејствата во рамките на ЕУ.

Одговарајќи на прашањето за насилството и омразата против ЛГБТ луѓето Вивиен Рединг изјави: “хомофобијата нема место во Европа”.

Вивиен Рединг, ја истакна важноста на Лисабонскиот договор / ЕУ Повелбата за фундаменталните права кои стапија на сила во декември минатата година.ЕУ Повелбата за основните права е прв и единствен меѓународен договор се експлицитно забранува дискриминација врз основа на сексуална ориентација, а  таа ќе иницира годишен преглед на спроведувањето на Повелбата за    фундаментални права.