Во Вашингтон Д.Ц. одобрен законот за истополов брак

Во Вашингтон Д.Ц. одобрен законот за истополов брак




Советот на Вашингтон Д.Ц. го одобри законот за истополов брак

Главниот град на САД во вторникот за малку ќе станеше шестото место во државата што би го легализирал истополовиот брак, откако Советот го одобри предлог-законот со кој се дозволува овој вид на заедница.

Предлог-законот им овозможува на хомосексуални двојки во земјата да се венчаат во главниот град. Двојките кои што живеат во градот ќе можат да ги уживаат сите права кои веќе ги уживаат хетеросексуалните венчани двојки со закон.

Иако последниот потпис на законот од страна на градоначалникот Едријан М. Фенти можеби ќе се добие до крајот на неделата, противниците на истополовиот брак се заколнаа дека ќе сторат се во своите сили за  Конгресот или судот да ја блокира иницијативата за време на 30 дневниот период на разгледување од страна на Конгресот.

Одлуката донесена со 11 наспроти 2 гласа, со која се стави крај на едногодишната дебата, поттикна бран на возбуда во геј заедницата, локално, но и на национално ниво. „На некој начин, ова е всушност конечната награда“, рече членот на советот Џим Греам, еден од двојцата членови кои отворено ја признаваат својата хомосексуалност.






Според анализа извршена од страна на Канцеларијата на Гувернерот, повеќе од 10.000 истополови двојки би можеле да се венчаат во Вашингтон во текот на следните три години, доколку оваа мерка стане закон.

Според анализата, извршена во периодот кој му претходеше на вторничното историско гласање на Советот, околу 2.000 геј двојки кои живеат во Вашингтон ќе се венчаат веднаш  откако законот ќе стапи на сила. Меѓутоа поголемиот број на браковите, кој ќе донесе милиони долари во регионалната економија, најверојатно ќе бидат од другите држави кои не го дозволуваат истополовиот брак, според анализата, чија копија ја има Вашингтон Пост. Се заклучува дека барем 5 милиони долари, а можеби дури и 22 милиони долари, ќе бидат генерирани во текот на следните три години од страна на истополовите бракови во Вашингтон. 

Локалните и националните лидери за правата на хомосексуалците истакнуваат дека нивните противници се соочуваат со тешка битка: и Сенатот, контролиран од демократите и претседателот Обама би требало да го блокираат законот, што е малку веројатно. 

Но членот на Советот, Дејвид А. Катанија, поддржувач на предлог-законот и и вториот член кој отворено призна дека е хомосексуалец, предупреди дека Конгресот може и да ја разводни мерката преку буџетски маневри во текот на следните години. 

„Не постои сомневање: Ќе мора да го браниме и браниме се дури другата страна не сфати дека губи повеќе гласови со својата поврзаност со минатото“, истакна Катина.

Неколку противници на истополовиот брак предупредија дека се уште е рано за славење. Тие бараат јавно гласање за ова прашање, а дел од нив имаат средби со членови на Конгресот во Среда.

„Борбата со Бог штотуку почна“, изјави Боб Кинг, актвист кој живее во Нортист, неколку минути по гласањето. „Нека им е срам. Ќе стигнеме до гласање, или преку судовите или преку Конгресот Затоа кажете им на сите: Се уште е рано да се издадат дозволи за брак“.

Сепак, поддржувачите на истополовиот брак ја пофалија одлуката на Советот, велејќи дека му помогна на движењето да се поврати од поразот што го претрпи пред две недели кога Сенатот на Њујорк го отфрли истополовиот брак.

„Ова е местото каде што луѓето доаѓаат да го видат уставот и да разберат подобро што значи рамноправноста, така што од симболичен аспект, ова значи многу“, рече Џо Соломонезе, претседател на Кампањата за човекови права, национална група за правата на хомосексуалците кои ко-спонзорираа забава во Советот во вторникот вечерта.

Истополовите бракови се легални во Ајова, Конетикат, Вермонт и Масачусетс, а следниот месец и Њу Хемшир ќе се придружи на листата.

Во текот на неделите кои водеа до гласањето на Советот, локалните власти на Вашингтон беше вклучен во кампања со која сакаа да го променат законот бидејќи се плашеа дека нивните организации ќе мора да ги дозволат сопружничките бенефиции на истополовите двојки. Членот на Советот, Фил Менделсон, претседавач на комитетот кој го надгледува законот, рече дека не се постигнала согласност со црквата, што пак води до дискриминација против истополовите двојки, но црквата и градските власти тврдат дека ќе ги продолжат разговорите.

Сопственикот на книжарницата Ламбда Рајсинг во Дупонт Сркл, Дикон Макубин, оддржа свеченост на разменување завети со својот партнер пред 28 години, но планира веднаш да се венча штом бракот ќе биде дозволен.

„Направивме венчавка во црква, но сакаме да добиеме дозвола, токму овде во Областа Колумбија“, истакна Макубин.

Но Кетрин Хем, претседател на GayWeddings.com во областа Арлингтон, изјави дека многумина во геј заедницата на регионот се претпазливи, знаејќи дека би поминале месеци пред геј браковите да станат реалност во Вашингтон. Хем, чија компанија им помага на верените двојки да најдат некого што ќе ги венча, меѓу другите понудени услуги, рече дека очекува интерес во новата година.
За време на вторничната дебата во советот, членовите рекоа дека нивната одлука ќе му покаже на светот дека Вашингтон подеднакво ги цени граѓанските права.

„Денес сум многу горд што живеам во овој град“, истакна членот на советот Томи Велс. „Се надевам дека денес ќе послужиме како пример за сите оние кои не ги добиле сите права низ земјата“.

Членовите на советот, Ивет М. Александар и Мерион Бери, кои ги претставуваат соседствата источно од реката Анакостија, гласаа против предлог-законот.

Бери истакна дека не може да го поддржи законот затоа што мисли дека мнозинството од гласачите се против, но признаваат дека одлуката на советот е историска.

„Ова веројатно е горд ден за вас, Дејвид, г. Греам“, рече Бери. „Како што и јас бев горд кога беше усвоен законот за гласање во 1965 год. Но ова е демократија, и јас го имам правото да не се согласувам“.