Тајниот на животот на геј заедницата на Косово

Тајниот на животот на геј заедницата на Косово

Како што Албанија се подготвува да ги легализира хомосексуалните бракови, Владата на Косово вели дека за таквиот потег воопшто не расправа.

На хетерхосексуалните мажи и жени им е дозволено да шетаат по улиците рака под рака, да одат на состаноци во повеќето ресторани во градот, и отворено да флертуваат во барови и кафулиња. Но, кога Аријан излегува на пијалок со својот дечко тие се претставуваат како само пријатели – хомосексуалноста останува табу во Косово.

“Нашата религија ја прогонува хомосексуалноста, екстремистите ги тепаат хомосексуалците. Сум бил физички и емотивно злоупотребуван, па фактот што сум геј го чувам само за себе “, вели Аријан, привлечен млад човек кој живее во Приштина.

Со последниот предлог на албанската влада за легализирање на хомосексуалните бракови, забраната на геј прајдот во Белград минатиот викенд, геј правата станануваат жешка тема на Балканот. Но, дебатата на оваа тема во Косово е пригушена.



Владата нема планови да се отвори ова прашање. Мемли Красниќи, портпаролот на Владата,  изјави за Балкан Инсајт дека ова прашање не спаѓа во сегашните или идните приоритети на владата.

“Ова прашање не е релевантно во социјалниот контекст во Косово. Тоа не постои како основно или второстепено прашање на кое треба да се фокусираме. Тоа не е ни на маргините на важност за владата, освен ако не го сметаме законот за брак “, рече тој.

Што се однесува до геј правата, Красниќи рече дека “Владата го поддржува законот против дискриминација кој вклучува дискриминација против геј популацијата.”

Сепак, Арбер Хихиу од Elysium организација за човекови права, која ги штити правата на ЛГБТ лицата, изјави за Балкан Инсајт дека и покрај законот против дискриминација, многу геј мажи и лезбејки се соочуваат со злоупотреба и насилство.