„Младите корисници на дрога се национална закана“

„Младите корисници на дрога се национална закана“

Москва – Претседателот на Русија Дмитри Медведев, минатот вторник, ја осуди како закана за националната безбедност употребата на дрога од страна на младите лица и и нареди на владата да изработи програма против употребата на дрога  со која ќе се воведат построги казни за криминалните дела поврзани со дрога.

Тој изјави дека ќе им се изрекуваат подолги казни на луѓето кои продаваат дрога на малолетници, како и за организираните шверцери на дрога и  корумпираните службеници.

„Мораме да ги зголемиме казните за сите криминални дела поврзани со дрога, особено за дистрибуцијата на дрога на јавни места каде што младите се релаксираат“ -  изјави Медведев.


Виктор Иванов, кој е нависокиот службеник во врска со дрогите во земјата, изјави дека има неколку дополнителни идеи за нова државна програма, вклучувајќи и задолжителини дрога тестови  врз учениците како и забрани за издавање на возачки дозволи на корисници на дрога.

Официјално околу 550 илјади лица се регистрирани како корисници на дрога во Русија во 2008-та, од кои 140 илјади се малолетници, објави Rossiiskaya Gazeta. Повеќе од 30 илјади луѓе умираат од болести поврзани со користење на дрога за време на една година.