Пронајдени нови ХИВ антитела

Пронајдени нови ХИВ антитела

Научниците индетификуваа две моќни антитела кои посочуваат на нова можност за вакцина за СИДА
со искористувањето на крвта на многу ретка група на луѓе кои биле изложени на ХИВ, но развиле
имунитет на вирусот.

Истражувачите од САД ги индетификуваа таканаречените PG9 и PG16 како нови неутрализирачки
антитела кои се покажа дека се способни за спречување на високомутирачкиот вирус.

Ова претставуваат први антитела кои се индетификувани во период од повеќе од една декада и први
кои се индетификувани кај ХИВ инфицирани, но имуни лица од земијте во развој.



Коментирајќи го истражувањето професорот Damian Purcell од Мелбурн вели дека истражувањето ќе понуди
потенцијално широко достапна одбрана од СИДА.

Работата на изнајдувањето вакцина за ХИВ се одвива со децении и се фокусира на изнаоѓање на
неменлив дел од вирусот кој брзо мутира во телото. Професорот Purcell вели дека напорот да се
развие ХИВ вакцина може да трае 5 до 10 години, но сега откако знаеме на што треба да целиме
резултатите се се повеќе изгледни.