Аргентина: Декрининализирано поседување на марихуана

Аргентина: Декрининализирано поседување на марихуана

Врховниот суд на Аргентина реши дека е неуставно луѓето да се казнуваат затоа што користат марихуана.

Долго очекуваното решение следи по широката јавна дебата и се посилното движење во Латинска Америка кон декриминализација на дрогата за лична употреба.

Сепак, судот јасно истакна дека не се залага за целосна декриминализација на употребата на марихуаната.

Директорот на едно Здружение против дрогата смета дека сега ќе се зголеми употребата и дека сите зависници нема да добијат третман.



Клаудио Изагире изрази стравување дека за некоја година во некои делови од населението ќе има 20 – 30% луѓе со шизофренија по улиците.

Тој го обвини здравството за она што може да се случи во иднина.

Дописникот на БиБиСи од Буенос Аирес вели дека идејата е да се ослободи полицијата да се фокусира на големите криминалци во трговијата со дрога наместо да ги лови „ситните риби”.

Претходно слични мерки и закони се однесени и во Венецуела, Еквадор и во Колумбија. Минатата недела Мексико донесе закон со кој е дозволено поседување мали количини дрога, вклучувајќи кокаин и хероин.