Шведските сексуални работници се изборија за правото на отсуство поради болест

Шведските сексуални работници се изборија за правото на отсуство поради болест

Шведските сексулни работници се изборија за правото на одредени бенефиции, какви што се отуството поради болест и бременост, со што го доближија своето ниво на социјална сигурност до она на вообичаените даночни обврзници.

 

Шведскaта агенција за социјално осигурување објави дека сексуалните работници ќе бидат во можност да добијат осигурување во случај на болест во висина од 80 проценти од годишниот приход, односно околу 330 илјади шведски круни. Оваа бенефиција важи во рок од една година за боледување кое трае најмалку четиринаесет дена. За само-вработените, првите седум дена од боледувањето нема да бидат платени.

 

„Се додека сексуалните работници ги плаќаат своите даноци, тие треба да имаат ист пристап до бенефициите во случај на отсуство поради боледување“ – рече Јоаким Јарнрид, директор на Шведскaта агенција за социјално осигурување, и додаде: „Ние не даваме никакви морални судови во врска со професијата“.

 

Во Шведска, сексуалната работа е легална и сексуалните работници, служејќи се со еуфемизми, можат да се пријават за плаќање на даноци со што се квалификуваат за одредени бенефиции. Но, сепак, купувањето на услугите кое ги нудат сексуалните работници е нелегално и клиентите ризикуваат да бидат парично казнети или да добијат затворска казна од шест месеци.

 

Законот со кој се забранува купувањето на услуги од сексуални работници во Шведска датира од 1999-та година, а Норвешка донесе сличен закон во 2008-та. Сексуалната работа не е забранета ниту во Данска и Финска, но, од друга страна не претставува регулирана дејност.

 

Според Јарнрид, Шведската агенција за социјално осигурување одлучила да ги прошири бенефициите на сексуалните работници минатиот месец.

 

-„Но, бројот на лица кое ќе побараат бенефиции сигурно ќе биде мал, поради малиот број на даночни обврзници кое се регистрирани како сексуални работници“- рече Јарнрид.

 

Шведската министерка за правда, Беатрис Аск, спрема предлог-закон, кој треба да биде усвоен оваа година, според кој казната за купување на сексуални услуги би можела да се зголеми на една година затвор.