Лутеранците гласаат за целибатот на геј свештениците

Лутеранците гласаат за целибатот на геј свештениците

Евангелистичката Лутеранска црква во САД оваа недела ќе одлучува дали да им дозволи на гејовите и лезбејките кои не се да целибат да служат како свештеници, соопшти порпаролот на црквата.
Досегашната политика на Евангелистичката Лутеранска црква им дозволуваше на гејовите и лезбејките да служат само доколку се на целибат.

Порпаролот  John Brooks вели дека 1045-те членови на црквата кои имаат право на глас, во петок ќе гласаат дали да се промени оваа политика во врска со геј свештениците.

Според досегашната политика гејовите и лезбејките можат да служат како свештеници само доколку се на целибат, вели Brooks, но хетеросексуалните свешетеници смеат да имаат секс во рамките на бракот.



Според предложената нова политика ќе им се дозволи на гејовите и лезбејките кои се во „социјално признаена, долгорочна, моногамна исто полова врска“ да служат како свештеници.

Гласачкото тело исто така во среда ќе гласа за социјална ставка за секасуалноста која, според порпаролот, беше подготвувана осум години.

„Таа е многу важна ставка за нас, затоа што информира за основите на политиката“ вели Brooks.
Според веб сајтот на црквата, Евангелистичката лутеранска црква има 4.6 милиони членови.