ECOSOC усвои резолуција за UNAIDS

ECOSOC усвои резолуција за UNAIDS

На 27-ми јули, Економскиот и социјален форум на ОН (ECOSOC) ја одобри резолуцијата во која се признава потребата УНАИДС значајно да ја засили и прошири својата работа со националните влади и да работи со сите групи на граѓанското општество за намалување на недостатокот на сервиси за лица кои инјектираат дрога во сите средини, вклучувајќи ги и затворите, да развие модели за соодветна пристапност до сервисите за лицата кои инјектираат дрога, да се ги опфати проблемите на стигматизација и дискриминација и да го подржи зголемувањето на капацитетите и ресурсите за провизија на сервисните пакети за лицата кои инјектираат дрога, вклучувајќи го и  програмите за намалување на штети во однос на ХИВ-от.

Во документот, исто така, се вели дека како додаток на криминализацијата на ХИВ трансмисијата, голем број на земји воведуваат санкции со кои се криминализира сексот на лица од ист пол, сексуалната работа и инјектирањето на дроги и законите од овој тип преставуваат големи бариери во пристапноста на ХИВ сервисите кај клучните популации. Таквото однесување треба да биде декриминализирано и лицата кои се зависни од дрога треба да добијат здравствен третман за да ја излекуваат своата зависност.

Во системот на ОН комисијата за наркотични дроги е субординирана на Економскиот и социјален форум, па така со други зборови, дологата дебата за намалувањето на шетите сега се завршена.

Линк до резолуцијата.