Анкета: Рекордна подршка за еднаквиот брак во Шкотска

Анкета: Рекордна подршка за еднаквиот брак во Шкотска

Новото истражување во Шкотска откри дека две третини од Шкотите ја подржуваат еднаквоста помеѓу браковите. Само една четвртина од популацијата се противи на еднаквоста помеѓу браковите.

 

Анектата, која ја спроведе Ipsos-MORI во име на застапничката група Мрежата за еднаквост (Equality Network), откри дека 64 проценти од Шкотите подржуваат еднаков брак, а само 26 проценти се спортиставуваат. Студијата откри дека 68 проценти од Шкотите веруваат дека верските организации треба да имаат право да венчаат геј парови, доколку тоа сакаат да го сторат. А 21 процент се противи на ваквиот предлог.

 

Ова претставува прво големо истражување за еднаквиот брак од 2010-та до денеска.

 

Анкетата покажа дека подршката се зголемила помеѓу жените и помладите лица (не постари од 55 години), со 70 проценти помеѓу женските лица, и 76 проценти помеѓу помладата популација кои сакаат промена на законите.

 

Резултатите од истражувањето беа добродојдени од сите политички партии во Шкотскиот парламент, и помеѓу верските групи кои изразиле интерес во спrоведувањето на венчања на истополови парови какви што се Унитарианците и Либералните Јудаисти.

 

Коментирајќи ги резултатите, Том Френч, координатор за политики на Мрежата за еднаквост, рече: Шкотска проговори и пораката е јасна, сега постои голема подршка за еднаквиот брак насекаде низ земјата и во шкоскиот парламент. Рекордното ниво на подршка на шкотската влада и дава зелено светло да најави промена на законите кои кои на лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансродовте лица ќе им овозможи и правна и верска еднаквост на бракот.