Индискиот ја преиспитува одлуката за геј сексот

Индискиот ја преиспитува одлуката за геј сексот

Индискиот врховен суд одби да ја стави во мирување одлуката за декриминализација на геј сексот во земјата. Врховниот суд соопшти дека одлуката на судот во Делхи не содржела „казнени последици“, и побара од владата јасно да се произнесе во врска со ова прашање во следните два месеца.

Одлуката на судот во Делхи беше оспорена од еден астролог и еден  јога гуру. Во својата петиција астрологот Suresh Kaushal вели дека индиските антички писанија и вредности не ја дозволувале хомосексуалноста и дека неодамнешната одлука на судот ќе влијаела врз ширењето на ХИВ и СИДА.



Врховниот суд побара од владата и организациите за човекови права кои што ја водеа кампањата против стариот закон да одговорат на петицијата. Двајца судии изјавија дека ќе ги соопштат своите намери на 14 септември.

Судот во Делхи го опиша стариот закон од колонијалното доба како дискриминаторски и соопшти дека геј сексот помеѓу двајца согласни лица не треба да се третира како криминал.

Одлуката беше видиливо и широко прифатена од индиската геј заедница која тврдеше дека со оваа одлука ќе се спречи гонењето и малтретирањето на геј лицата.

Но, верските групи од хинду, исламските и христијанските заедници остро се спротиставија на оваа одлука.