Русија ги третира зависниците со ласери и карантин

Русија ги третира зависниците со ласери и карантин

Конфилкниот став на Русија во врска со растечката криза поврзана со употребата на дроги, критицизмот кон Запад од една страна, а пак молкот дома од друга страна, не допира до самиот проблем, но исто така и предизвика неупатени и опасни истражувања за решение.

Во Chelyabinsk, Државниот институт за ласерска хирургија ги превзема работите во свои раце. Во зградата од периодот на Советскиот сојуз, од почетокот на 2000-та година, директорот Arnold Kosel и неговите колеги имаат спроведено серија на експерименти врз зависници од дрога. Најпрво, прикачувале електроди на предната и задната страна на главите на пациентите, и во период од 24 часа им пуштале електрични шокови со низок интензитет, со надеж дека ќе го неутрализираат делот од мозочната поткора која е задолжена за зависното однесување. Експериметот се спроведувал во период од две години и низ него поминале 300 лица.

Потоа, Kosel ја продолжил својата работа употребувајќи ласери, најпрво на староци и кучиња, а потоа и на човечки суштества. Од 2001-та до 2004-та, докторот и неговиот тим дупчеле 5 милиметарски дупки во черепите на пациентите и со ласер гореле делови од нивниот мозок. Вкупно, 104 лица биле третирани на овој начин.



„За жал, кога сакавме повторно да започнеме со спроведување на нашите експерименти, не успеавме да добиеме лиценца“ – вели  Kosel -  „полицијата додјде овде и не спречи да продолжиме со екпериметирањето. Тој вели дека голем број од зависниците биле „излекувани“ , не не беше јасно што тоа точно значи.

Во соседниот град Yekaterinburg, персоналот во една установа за третман ги затвора зависниците во ќелија која е обележана како карантин.

Sergei Adeyev, кој ја води кацеларијата за превенција од дрога и ХИВ во Chelyabinsk, ги сумираше ставовите на голем број на Руси во врска со зависниците од дрога: „често се вели дека сите треба да бидат соберени на едно место и да бидат опкружени со бодликава жица.“