Повик за учесници: Тренинг за унапредување на политичката репрезентација на ЛГБТИК+

Повик за учесници: Тренинг за унапредување на политичката репрезентација на ЛГБТИК+

 

Датум: 23 март 2024

Дали сте лидер или активист во политичка партија и честопати сте се нашле во дебата или дилема дали треба и зошто треба ЛГБТИК+ прашањата да земат место во вашата политичка платформа? Дали сакате да дознаете повеќе за суштината на барањата на ЛГБТИК+ заедницата и да ги запознаете оние кои се застапуваат за нив? Дали би ви помогнало да разговарате со жртва на ЛГБТИК+ насилство и да ја слушнете нивната страна од приказната? Придружете ни се на еднодневен тренинг чија цел е да ги поттикне лидерите и партиските активисти да ја развиваат дебатата за овие теми во рамки на нивните политички платформи.

Цели на обуката:

· Поголемо разбирање за поврзаноста на политичките/партиски програми со правата, предизвиците, приоритетите и потребите на ЛГБТИК+ заедницата во Северна Македонија

· Меѓусебно запознавање и учење за можностите за градење сојузи помеѓу политичките активисти, особено жените и младите лидери, со ЛГБТИК+ движењето

· Развивање на препораки за вметнување на политики за унапредување на правата на ЛГБТИК+ во рамките на политичките платформи

· Стекнување знаења за сексуалната ориентација, родовиот идентитет и родовото изразување

Датум и време:

· Датум: 23 март 2024

· Време: 9:00 до 16:30 часот

Локација: Социјално-културен центар „Комитет“

Кој може да учествува:

· Лидери и активисти активни во политички партии

Како да аплицирате: Доколку сте заинтересирани да учествувате, ве молиме пополнете го формуларот за апликација до 29ти февруари. Успешните апликанти ќе бидат известени преку мејл до 10ти март. Бројот на учесници е ограничен. При селектирањето на учесниците ќе внимаваме на различност на учесниците во смисла на различните родови идентификации, сексуална ориентација, политичката определба како и мотивацијата за учество во тренингот.

Краен рок за пријавување: 29ти февруари.

Забелешка: Ве молиме имајте во предвид дека учеството во тренингот и материјалите кои ќе се употребуваат за време на тренингот се целосно бесплатни. Останатите трошоци како што се храна за време на тренингот, сместување и пат се на трошок на учесниците.

За прашања или дополнителни информации, ве молиме контактирајте го координаторот на проектот Љубомир Фаизов на ljubomir.faizov@lgbti.mk .

Со нетрпение го очекуваме вашето активно учество на оваа обука насочена кон поттикнување на поголема инклузивност и застапеност на ЛГБТИК+ заедницата во политичката сфера!

Со почит,

Љубомир Фаизов, проектен координатор во ЛГБТИ Центарот за поддршка / Хелсиншки Комитет за човекови права – Скопје.

Тренингот е дел од проектот „Политичко охрабрување на ЛГБТИК+ луѓето во Република Северна Македонија“ кој го спроведува ЛГБТИ Центарот за поддршка / Хелсиншки Комитет за човекови права – Скопје во партнерство со Коалиција Маргини, а поддржан од страна на LGBTQ Victory Institute, Inc.