Оглас за вработување на правна советничка/правен советник во Коалиција МАРГИНИ

Оглас за вработување на правна советничка/правен советник во Коалиција МАРГИНИ

Коалиција сексуални и здравствени права за маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје (Коалиција МАРГИНИ), вработува правен советник/ правна советничка.

Ажурирано на 15.02.2024: рокот за доставување на апликациите се продолжува до 23.02.2024 (петок), најдоцна до 16:00 ч.

 

Опис на работни задачи и одговорности:

  • Застапување за унапредување на законите, политиките и практиките во областа на човековите права на маргинализираните заедници (ЛГБТИ, сексуални работници, маргинализирани жени и жени жртви на насилство, лица што употребуваат дроги, лица што живеат со ХИВ и други). Ова вклучува учество во работни групи за креирање закони и политики, следење на процесите на нивно донесување, подготовка на барања, предлози до институции и застапување за нивно прифаќање во сите фази на донесување на политиката.
  • Обезбедување на правни совети и правна помош за случаи на прекршување на правата на маргинализираните заедници, препраќање и поврзување со други услуги од здруженија и институции.
  • Координирање на програмата за документирање на случаи за повреда на човекови права, анализа на податоците и подготовка на извештаи.
  • Спроведување на активности за зајакнување на капацитетите на институциите, овозможувачите на услуги и на маргинализираните заедници во областа на човекови права, спречување и заштита од насилство и дискриминација.
  • Набљудување на работата на надлежните институции во областа на човековите права, недискриминацијата и спречувањето и заштита од насилство, прибирање и анализа на податоците и известување пред домашни и меѓународни партнери и тела за човекови права;
  • Менаџирање, спроведување и известување за спроведување на проекти;
  • Учество во активностите за прибирање средства на организацијата како пишување на проектни апликации, состаноци со донатори и претставување на организацијата пред партнери и донатори;
  • Координирање на активностите со партнерски организации и институции, работење во мрежите во кои членува организацијата и кои се важни за предметот на нејзината работа;
  • Комуникација со медиуми и претставување на организацијата, целите и резултатите пред медиумите и јавноста;
  • Други задачи во врска со работењето на организација во назначената област.

 

Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС – правни студии.
  • Минимум 3 години искуство во здружение на граѓани или во друга организација/или институција од областа на човекови права;
  • Напредни познавања од областа на човекови права на маргинализирани заедници, домашната и меѓународната правна рамка, род, родова еднаквост, ЛГБТИ права, спречување и заштита од дискриминација, дела и говор од омраза и родово засновано насилство.
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Компјутерски вештини;
  • Напредни организациски и комуникциски вештини.

 

Како предност ќе се смета:

  • Завршени постдипломски студии, особено на теми поврзани со човекови права на маргинализирани заедници;
  • Искуство со застапување за политики и практики во областа на човековите права на маргинализираните заедници;
  • Искуство со прибирање фондови и раководење на проекти;
  • Искуство во давање правни услуги на маргинализирани групи граѓани.

 

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достави кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивационо писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: koalicijaszpmz@gmail.com, најдоцна до 23.2.2024, до 16 часот. При доставувањето на апликациите потребно е да се наведе работната позиција за која се пријавуваат.

 

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас, а потенцијалните кандидати ќе бидат повикани на тестирање и/или интервју.

 

Договор за вработување:

Со избраниот/та кандидат/ка Коалиција МАРГИНИ ќе склучи договор за вработување на определено време со можност за продолжување. Работното време е 8 часа, возможно е флексибилно работно време и работа од дома по договор. Меѓусебните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата.