Убиена кубанка транс жена во Атина

Убиена кубанка транс жена во Атина

Полицијата се’ уште го истражува мотивот за убиството на кубанската трансродова жена, која во понеделникот попладне беше пронајдена брутално избодена во нејзиниот стан во една атинска населба.

Телото на трансродовата жена е пронајдено во локви крв во стан на приземје во областа Агиос Пантелејмон. Остар предмет било оружјето за убиство.

Луѓето кои ja познавале зборуваат за жената која пред четири години дошла од Куба во Грција за подобар живот. Откако се појави веста за нејзината смрт, нејзините пријатели објавија на социјалните мрежи.

Газдарицата била таа која се соочила со страшната глетка додека одела да ја подигне киријата и ја видела убиената 46-годишна жена.

Транс активистката Ана Курупу со своја објава на Фејсбук се прости со следните потресни зборови:

„Јас сум вкочанета. Пред околу 4 години таа дојде во Атина од Куба.Ловена од богови и демони. Имаше многу тежок живот.  Red Umbrella Athens контактираше со нејзе од самото доаѓање во Атина. Колку сладок изглед имаше, и покрај сета бруталност во нејзиниот живот! Таа рече дека сака да танцува. Ја однесов кај Марилу Фрагијадаки, во „Кукли“. Таа сакаше да танцува. Клубот стана нејзин живот. Сега блескаше. Таа ползеше од работ на светот, за да ја најде среќата во мала сцена, да се чувствуваа слободно. Денеска е пронајдена убиена во станот што го изнајмувала… Како среќата да не може да се вклопи во оваа личност. Почина уште едно транс лице. Во многу долга листа. Се’ уште не знам дали мотивот бил дискриминаторски – засега не знаеме никакви околности. Убедена сум, сепак, дека ова чудовиште, кое постои насекаде околу нас, прави нула напор, со жестока омраза, да остави живот среде него. Жртвата како Иванка е толку ранлива. Да го најдеш најубавиот рај душо моја. И да танцуваш…“

Друга жена пишува:

“Трансродовата жена, пријателка дојде од Куба за подобар живот. Никогаш нема да заборавам кога ти зборував шпански по завршувањето на шоуто и пиевме, а ти ме прегрна! Како да чувствуваше дека си повторно во својата татковина .Те пронајдоа  мртва, искасапена во Агиос Пантелејмонас. Не можам да ги задржам солзите иако се сретнавме само два пати. Каков неправеден и нехуман крај.

PS: Дали некогаш сте биле убиени затоа што сте стрејт или цис луѓе? Зашто се прашувате зошто има гордост, знамиња и организации. ЗА ОВА!

Превземено од  https://greekcitytimes.com/2023/07/11/cuban-trans-woman-murdered-athens/?fbclid=IwAR3m4tnZGE59M57Dci8Hw91Uv0o_oByvNKxTR5lM4m-lcJqgYz5LbPFKk60