Сексуалните работници бараат место во парламентот

Сексуалните работници бараат место во парламентот

Комесарот на локалната област Kawempe во Кемпала, Уганда, Edward Sekabanja изјави дека сексуалните ранотнички го испратиле да му пренесеингормација  на претседателот Museveni дека тие сакаат да бидат застапени во националниот парламент.

Sekabanja вели дека кога бил на обиколка на селата во Kawempe се сретнал со одреден број на сексуални работници кои му рекле дека ги има во голем број во Уганда и дека треба да им се даде шанса да изберат свој претставнк во парламентот.



Комесарот  им рекол дека треба своето барање да го достават во писмена форма пред тој да му го пренесе на претседателот. Тој вели дека сексуалните работници своите барања ги основаат на фактот што се легитимни гласачи, на тоа што земаат кредити од банките како и сите други луѓе според тоа треба да имаат претставник во парламентот како група на луѓе од особен интерес.

Од друга страна, пак, Sekabanja дека нивната порака ја пренесува како лидер на сите луѓе во неговата област, а не како подржувач на сексуалните работници.

Сексуалната работа е нелегална во Уганда и доколку законите не бидат сменети малку веројатно е дека владата може да им даде какво било формално признание или подршка  на сексуалните работници.