Повик за ЛГБТИ луѓе за учество во истражување за институционално насилство

Повик за ЛГБТИ луѓе за учество во истражување за институционално насилство

Коалиција МАРГИНИ спроведува истражување за институционално насилство над ЛГБТИ лица.

Доколку сте се соочиле со каков било вид на насилство или насилно однесување, како навреди, коментари на сексуалната или родовата различност, одбивање на здравствени и социјални услуги, булинг во образование, обиди за „лекување“ на хомосексуалност/трансродовост (конверзиона терапија), навреди и говор на омраза онлајн, до посериозни случаи на насилство (физичко и сексуално) кое сте го пријавиле во полиција, или при контактот со полиција сте биле навредувани или омаловажувани, исконтактирајте нѐ за да го раскажете вашето искуство!

Учеството во интервјуто е доверливо, а вашите лични податоци нема да бидат земени предвид.

Интервјуата ќе се спроведуваат од страна на лица од ЛГБТИ заедницата.
Заинтересираните лица можат да нѐ контактираат на dragana.coalition@gmail.com или 078200675 (на Вибер или телефон), најдоцна до 20 јуни.

Вашите искуства на насилство можете да ги документирате и на овој линк. Документирањето е доверливо, а доколку сакате може да биде и анонимно (да одберете опција во прашалникот каде случајот го документирате под измислено име). За учество во интервјуто имаме предвидено мал хонорар.

Истражувањето се спроведува во рамки на проектот „Документирање на институционално насилство кон ЛГБТИ луѓе и застапување за унапредување на законската рамка“, со финансиска поддршка на ИЛГА Европа.