Преглед за проширување на ЛГБТИ

Преглед за проширување на ЛГБТИ

🏳️‍🌈 Коалиција Маргини, заедно со ЛГБТИ Центар за поддршка, ТрансФормА, Скопски Квир Центар и LGBTI United даде експертски придонес кон годишниот Преглед за проширување на ЛГБТИ – подготвен од ILGA-Europe и ERA – LGBTI Equal Rights Association.

🇪🇺 Овој преглед дава проценка на празнините во законодавството и политиките за заштита и унапредување на човековите права на ЛГБТИ луѓето во земјите на проширување, и ги идентификува приоритетите на кои ЕУ треба да инсистира да бидат разрешени во секоја земја во наредната година.

🇲🇰 Некои од главните приоритети кои се посочени за Северна Македонија се:

❗Владата повторно да ги воведе предлог-измените на Законот за матична евиденција во Собрание, со цел да се спроведе законското признавање на родот врз основа на самоопределување

❗Усвојување на Националниот акционен план за правата на ЛГБТИ

❗Владата треба да воведе дефиниција за говор на омраза во Кривичниот законик што експлицитно ги вклучува сите видови говор на омраза мотивирани од пристрасност врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет, родово изразување и полови карактеристики.

❗Со цел правилно да биде имплементиран Законот за заштита и спречување од дискриминација, голем број закони сè уште треба да бидат усогласени

❗Од исклучителна важност е да се врати буџетот за Националната програма против ХИВ како што беше првично планирано.

Прегледот е достапен во целост на: https://ilga-europe.org/report/eu-enlargement-review-2023/?fbclid=IwAR0X6noqKZxUQvGztT32QsMr7uVDNNKOSgHmykErqbcfY6O7F6bQPw92URc