Се одржа геј парадата во Тел Авив

Се одржа геј парадата во Тел Авив

Почетокот на геј прајдот беше одбележан со присуство  на големо обезбедување околу центарот на геј заедницита во паркот Gan Meir во Тел Авив минатиот петок. Учесниците имаа можност да посетат штандови на разни организации на ЛГБТ популацијата.

Меѓу учесниците присуствување и група на родители кои ја изразуваа подршка на сексуалнита ориентација на своите деца, како и група на постари геј лица и лезбејки.

Во близина на паркот мала група на демонстранти протестираа против одржувањето на прајдот. Десничарски активисти и реалигиозни луѓе  носеа знаци со натписи „Бог презира хедонисти“ и „Животинска парада“.


Парадата требаше да заврши на плажата Гордон каде што е закажано да се одржат венчавки на пет истополови парови.

Илјадници припадници на полицијата, Брза помош и пожарникари ја обезбедуваа парадата, која помина низ некои од главните улици во градот како што се Bugrashov, Ben Yehuda и Ben Gurion, кои беа затворени за сообраќај за време на одржувањето на настанот.