Повик за учество на циклус на обуки

Повик за учество на циклус на обуки

Коалиција Маргини и The Kvinna till Kvinna Foundation во рамките на проектот „Пристап до правда за маргиналзираните заедници“ финансиран од Европската Унија, објавуваат повик за учесници на 2 дводневни обуки, на следните теми:

1. Подобро разбирање на државниот систем за БПП; и
2. Градење на стратегии за одржливост на сервисите.

Обуките ќе се реализираат од 21-23 ноември 2022.

За време на обуките ќе се почитуваат препораките и насоките за организирање на настани во време на пандемија.

Обуките ќе покријат теми кои се однесуваат на давање на услуги на припадници на маргинализирани заедници (ЛГБТИ, жени и девојки, лица со попреченост, лица кои употребуваат дроги, роми, работници и сл.) со фокус на давање на пакет услуги за правна и психо-социјална поддршка и помош, разбирање на системот за БПП и градење стратегии за одржливост на сервисите. Иновативниот пристап во нудење на сервиси за маргинализираните заедници се однесува на давање на пакет услуги кои ја обединуваат работата на адвокатите и психолозите. Поврзувањето на адвокатите и психолозите резултира со сеопфатен третман на жртвите на прекршувања на човекови права и креирање на индивидуален пристап во пружањето на помош на припадниците на маргинализираните заедници.  Целта на обуките е учесниците да се стекнат со нови знаења и да се подготват истите практично да ги применат во понатамошните активности во рамките на проектот, а и во нивната понатамошна работа.

Обуките се наменети за здруженија на граѓани, правници, адвокати и психолози, а се со седиште во Скопскиот, Источен, Пелагониски, Вардарскиот и Југоисточен Плански регион на државата. Од избраните учесници се очекува да присуствуваат на двете обуки кои се меѓусебно поврзани, за да се овозможи нивно вклучување во сите понатамошни активности од проектот.

Методологијата на работа на обуката се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците.

Бројот на учесници е ограничен. Обуката е бесплатна и ќе биде реализирана на македонски јазик од страна на искусни обучувачк()и. За учесниците ќе биде обезбеден организиран превоз, хотелско сместување и работни материјали.

Поттикнуваме пријавување на најмалку 2 претставнички/ци од организација (правници и психолози), со различен степен на искуства и знаења од областите кои што ќе бидат покриени со обуките, со цел зајакнување на капацитетите на самата организација и оспособување за понатамошно работење.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават на koalicijaszpmz@gmail.com, најдоцна до 15.11.2022

Со нетрпение ги очекуваме вашите пријави.