Оглас за ангажирање на тренери и ментори за одржливост на сервиси за бесплатна правна помош

Оглас за ангажирање на тренери и ментори за одржливост на сервиси за бесплатна правна помош

Коалиција Маргини и Фондацијата Kvinna till Kvinna објавуваат јавен оглас за двајца експерти за одржливост на граѓански организации за потребите на проектот „Пристап до правда за маргинализираните заедници 2.0“ финансиран од страна на Делегација на Европската Унија во Северна Македонија и Шведска .

Јавниот оглас се однесува на следните позиции:

  1. Тренери за одржливост на локални сервиси за пристап до правда на маргинализираните заедници;
  2. Ментори за одржливост на три граѓански организации од Северна Македонија.

Предвидени задачи (опис на позицијата):

  • Задолжени за одржување на тренинг со даватели на услуги на теми поврзани со обезбедување на одржливост на сервисите на локално ниво;
  • Развивање на Стратегија за одржливост на три локални граѓански организации;
  • Менторирање на спроведувањето на Стратегијата за одржливост и менторирање на процесите на развивање апликации за одржливост на сервисите.
  • Доставување извештај за сработеното и доставување на Time-sheets

Потребни квалификации:

  • Искуство во спроведување на тренинзи и обуки за одржливост на граѓански организации;
  • Искуство во спроведување на слични активности со граѓански организации кои работат со маргинализирани заедници

Како да се пријавите:

За да се пријавите, Ве молиме доставете:

CV (на македонски или англиски јазик);

Мотивациско писмо или портфолио за правни лица (на македонски или англиски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата.

Вака подготвената пријава треба да ја испратите по електронски пат на koalicijaszpmz@gmail.com со наслов ЕСКПЕРТИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ. Рокот за пријавување е 13 октомври, 2022 година до 16:00 часот.