Германија го одобри законот за хероин

Германија го одобри законот за хероин

Германскиот парламент гласаше во полза да се одобри препишување на хероин за долгогодишни корисници кои не успеваат да се прилагодат на поинакви третмани. Одобрен од долниот дом на Бундестагот со 349 гласови „за“ и 198 „против“, оваа мерка се оденсува замо на лица постари од 23 години.

Уште некои услови кои треба да се исполат за да може да се препише на хероин е корисникот да биде зависник најмалку 5 години и има пројдено два неуспешни обиди во програмите за рехабилитација.


Подржувачите на законот велат дека препишувањето на хероин им помага на зависниците кои не успеале да се прилагодат на вообичаените третмани. Меѓутоа, опонентите велат дека тоа ќе води кон зголемена употреба на хероин.

Потегот на Германија да дозволи  препишување на хероин од страна на лекарите се совпаѓа со потегот на нејзиниот сосед Швајцарија кој се смета за полезен во намалувањето на криминалиот поврзан со дрога како и за подобровањето на здравјето на корисниците.