Кој и зошто се плаши од Сеопфатно сексуално образование во училиштата?

Кој и зошто се плаши од Сеопфатно сексуално образование во училиштата?

Во септември годинава се случија и првите часови по сеопфатно сексуално образование како изборен предмет, откако во 2019 година тогашниот министер за образование и наука Арбер Адеми го одобри неговото пилотирање.
Најновиот прилог на 360 stepeni почнува со впечатоците на дел од обучените наставници, но и на еден родител кој вели: „Бевме запознаени со целата програма, ни беа доделени брошури, ни беше кажано што точно ќе работат и ќе учат и заради тоа како родител којшто е алката меѓу наставниците и децата и нивното школување, одлучив мојата ќерка да ја пратам на ваков тип настава.“
За првпат еден новинарски прилог се осврнува и на аргументите на оние кои се против сексуалното образование, родовата рамноправност и репродуктивната слобода и кои изминатава година ги бранат наводно загрозените традиционални семејни вредности ширејќи говор на омраза – пракса која, за жал, и натаму не е криминализирана во земјава.