Растурен геј протестот во Москва

Растурен геј протестот во Москва

Полицијата во Русија го растури протестот на активистите за права на гејовите во Москва, чија цел беше да привлече внимание поради забраната на геј парадата која требаше да се одржи за време на Евровизискиот избор на песна.

Околу 30 лица биле собрани во близина на универзитотот за да изразат протест кон забраната на геј парадата во Москва. Повеќето од нив биле одвлечкани од полицијата за време на скандирањето на слогани. Британскиот активист за геј права, Peter Tatchell, беше еден од приведените.

Контра-протестот на националистичките и религиозните групи не беше попречен од властите и се одржа во друг дел на руската престолнина.

Групата која протестираше за геј права, вееше знамиња и скандираше слогани во кои се бараа еднакви права и се осудува третманот на гејовите и лезбејките во Русија.

Најмалку 20-тина беа уапсени кога полцијата го разбивала протестот.


Додека полицијата го приведувала Tatchell тој изјавил: – Ова покажува дека рускиот народ не е слободен. Зборувајќи од полициската станица, тој за BBC изјави: – Начинот на кој полицијата го разби протестот е индикација за движењето кон  авторитаризам кој се однесува на сите Руси.
 
Организаторот на собирот и водач на кампањата, Nikolai Alexeyev, исто така беше приведен за време на настанот кој се случи во југо-западниот дел на градот.

„Изборот на песна на Евровизија традиционално е многу популарен  помеѓу геј популацијата и неговото одржување во Москва, активистите во Русија го видоа како голема можност да го покажат она за кои тие велат дека е голема предрасуда“ – изјави московискиот дописник за BBC, Richard Galpin.

Досега се имаат случено многу напади врз членовите на геј заедницата, а исто така тие се наоѓаат и под ризикот да ја изгубат својата работа и подршката од своите семејства.

Московскиот градоначалник Yuri Luzkhov ги опиша геј парадите како „сатански“.

Анти-геј групи  се закануваа дека ќе ја превземат работата во свои раце доколку полицијата не го сопрела протестот.