Ограничување на репродуктивните права на жените во Словачка

Ограничување на репродуктивните права на жените во Словачка

111 организации изразија огромна загриженост во врска со актуелните закани врз репродуктивните права во Словачка. Словачкиот парламент во моментов расправа за нацрт-закон кој доколку се усвои ќе се наметнат нови бариери во пристапот до законската грижа за абортусот, ќе им се наштети на женското здравје и благосостојба и ќе се наруши женското донесување на одлуки и приватноста на жените. Исто така, со ова лекарите ќе бидат принудени да постапуваат во спротивност со нивните професионални обврски кон своите пациенти.

 

Нацрт-законот се обидува и да го удвои медицински непотребниот задолжителен период на чекање, кој е моментално потребен пред добивањето на пристап до абортус при негово барање и дополнително ќе го пролонгира, наметнувајќи дополнително медицинско одобрување на абортус врз основа на здравствени причини, ќе воведе нова принуда за жените да мора да ги наведуваат причините поради кои бараат абортус и да обезбедуваат други приватни информации при донесување на барањето.

 

Нацрт-законот ќе ги ограничи и информациите кои здравствените професионалци можат јавно да ги обезбедат за негата при абортусот и ќе ја зајакне обесхрабрувачката природа на задолжителните информации што лекарите им ги даваат на жените кои бараат абортус.

 

Затоа, Коалиција МАРГИНИ, заедно со другите граѓански организации, ги повикува сите членови на пармалентот на Словачка да го отфрлат овој регресивен и штетен законодавен предлог и да се воздржат од понатамошни обиди за ограничување на репродуктивните права на жените во Словачка. Писмото коешто беше испратено до нивниот парлемент уште на почетокот на оваа недела може да го најдете на следниот линк, каде ги има и имињата на сите потписници: https://bit.ly/3itZPtG

 

#NebudemeTicho #Wewontbesilent #Slovakia